Објавено на 3.03.3023
Услови за работа
Национална федерација на фармери
Надворешен експерт (фотограф) за е-фарм платформата
Проект „Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи”
Времетраење на проектот : 01.02.2023-01.02.2024
- Вовед
Националната федерација на фармери ја претставува најголемата мрежа на фармери и земјоделски организации во земјата. Целата институционална меморија и искуство ја наследи од Федерацијата на фармери на РМ. Тој ги обединува напорите на 43 локални земјоделски организации и задруги, кои го претставуваат гласот на повеќе од 3.000 членови и соработуваат со речиси сите клучни играчи во секторот земјоделство и агробизнис. Работи според заедничката визија: Профитабилно земјоделство – стабилно село и мисијата: Организиран земјоделец лидер во земјоделскиот и руралниот развој.
Покрај земјоделците, земјоделските здруженија и земјоделските задруги, НФФ во својата работа посветува особено внимание на зајакнување и поддршка на ранливите категории во руралните средини, а дава поголема поддршка за младите, жените и лицата со попреченост и нивно директно вклучување во развој на земјоделството преку одлучување и активно делување.
НФФ ги вложува своите напори за подобрување на животот на руралното население преку помагање и олеснување на одржливи механизми преку лобирање и застапување, информирање, едукација, стручна поддршка, студиски посети и други форми на трансфер на знаење и учење. НФФ верува дека само добро обучени, квалификувани и бизнис ориентирани земјоделци можат да го водат кон развојот на руралната заедница на одржлив начин.
Организацијата го одржува стратешкото партнерство со академската и истражувачката заедница (факултети и институти), давателите на екстензивни услуги (АПРЗ и приватни компании), други невладини организации од Македонија и од регионот и партнерство со државни и странски институции и организации.
НФФ спроведува низа проекти кои се фокусираат на земјоделството и руралниот развој во Северна Македонија и активно соработува со различни меѓународни и донаторски организации.
Проектот: „Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи” е поддржан од страна на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамките на проектот (Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа).
Целта на проектот е да ги зголеми пазарните релации за руралното население со особен акцент на лицата со посебни потреби, руралните жени и другите ранливи групи, со цел да им се обезбедат можности за создавање нови или дополнителни работни места, како и можности за зголемување на нивните приходи.
Проектот има три подцели:
– потцел 1: Зголемување на вештините за маркетинг и промоција во локалниот контекст во руралните општини за лицата со попречености, рурални жени и други ранливи групи
– потцел 2: Подобрување на деловното работење на производителите на агро-прехранбени производи кои обезбедуваат можности за директна продажба, скратување на синџирот на снабдување, зголемување на приходот/профитот, пристап до нови клиенти, создавање на поконкурентни производи со додадена вредност, воспоставување потенцијални стабилни пазарни врски кои би можеле да овозможат планирано производство во иднина.
- Ангажман и цел на задачата
Фотографот ќе фотографира за е-платформата со цел земјоделците да ги промовираат своите производи на платформата. Фотографот заедно со новинар ќе посети дел од фармерите за да подготви стории. Овие фотографии ќе се користат за промотивни цели на е-платформата. Теренските посети ќе бидат реализирани од страна на координатор на проектот и фотограф, новинар.
За успешно спроведување на оваа активност експертот ќе биде ангажиран на дванаесет (12) работни дена во периодот март 2023- јануари 2024 година.
Одговарност
Фотографот одговара пред проектниот менаџер на НФФ и координаторот на проектот.
Квалификации
Фотографот мора да знае/поседува:
– Фотографски вештини за подготовка на приказни
– Фотографска опрема
– Многу добри визуелни и илустрациски вештини
Фотографот мора да има искуство во:
– Соодветно професионално искуство во фотографија (минимум 3 години)
– Искуство во подготовка на фотографии/видеа за промотивни стории
– Искуство во невладини организации за рурален локален развој
– Искуство во производи за комуникација
Фотографот мора да биде способен за:
- Работа во краток временски период
- Организација и работа во тим
- Спречување и решавање на конфликти
Обврските и одговорностите на фотографот се:
- Подготовка на фотографии за земјоделците кои ги промовираат своите производи на www.efarm.mk
- Подготовка на фотографии за проектните активности
Време : Фотографот ќе биде ангажиран за период од петнаесет (12) работни дена. Во текот на работата, фотографот треба да пополнува листа за идентификување на временската рамка за активностите кои ги реализира, како што е наложено од проектниот менаџер и координаторот на проектот.
Календар за услови за работа
Период
13 Март 2023- 22 Јануари 2024 |
Активности
– Подготовка на фотографии оф фармерите кои ги промовираат нивните производи на платформата www.efarm.mk – Подготовка на фотографии за проектните активности
|
Процедура за аплицирање:
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи:
- Ажурирана биографија која јасно укажува на претходното работно искуство
- Финансиска понуда изразена во МКД, бруто дневница со посебен персонален данок и вкупен бруто износ со вклучен персонален данок за 12 работни дена
Сите документи треба да се достават по е-поштата на следните мејлови angela.samardzik@nff.org.mk и nff@nff.org.mk до 10.03.2023 година (петок)
Евалуација на понудите
Некомплетните апликации и/или апликациите примени по истекот на рокот нема да бидат земени предвид.
Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:
Принципот на оценување на најдобра понуда е метод со кој се бодува за да се оцени комбинацијата на CV, односно претходно искуство (40%) и финансиска понуда/предлог (60%)
Начин на плаќање
Плаќањето ќе се врши месечно и по доставување на сите очекувани барања вклучувајќи ја и листата за идентификување на временската рамка за активностите кои биле реализирани. Откако барањата ќе бидат доставени и одобрени од менаџерот на проектот НФФ, ќе се изврши исплатата на вкупниот договорен надомест.
Stay In Touch