На 07.08.2022, во мотел Градче, Кочани, се оддржа свечено доделување на сертификати за обука „Пчелар за основно пчеларство на одржлив начин” на 37 учесници кои во изминатите 7 месеци ја поминаа оваа сертифицирана обука/програма. Во рамките на церемонијата се оддржа и избор на три најдобри меда од младите пчелари за кои Меден Исток подели три награди. Националната Федерација на Фармери и We Effect, преку SIDA го поддржаа овој процес како дел од проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите земјоделци и производители од рурални средини со цел зголемување на приходите”, кој има за цел намалување на невработеноста на младите од руралните средини, со диверзификација на можностите за вработување и зголемување на нивните приходи и подобрување на нивната социо-економска положба.

Горди сме на овие успеси и се надеваме дека многу млади од руралните средини ќе пројават интерес за овие обуки кои ќе им овозможат подобра иднина.