Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од набавување на пчеларска опрема во рамките проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени врски со пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите (Market System Development- P9408)” поддржан од Шведската организација за развој We effect и Sida.

Специфики на испораката од страна на фирмата:

Испорака на 22 комплети пчеларска опрема за лична употреба. 1 комплет треба да содржи пчеларско оддело, пчеларска четка, дималка, ракавици, пчеларски нож, електричен лепач за восок.

Очекувано времетраење на договорот

Договорот со добавувачот ќе биде  склучен од 4 февруари до 5 март 2022

Задолжителни технички критериуми:

      • Минимум 5 години професионално искуство во продажба на опрема за заштита на пчеларството и пчеларски материјали

Начин на  аплицирање:

Фирмите  за овој ToR треба да ги достават следните документи:

• Ажурирано портфолио на фирмата (што укажува на работа на претходни слични ангажмани)

• Тековна состојба на фирмата издадена од Централен регистар на РСМ, не постара од 6 месеци

• Финансиска понуда. Понудата треба да биде изразена во МКД со вклучен ДДВ

•  Поднесување на  Изјава за непостоење на конфликт на интереси за фирмата  ,  е задолжителна

Доставување на понудата на e-mail адреса.

Понудата да биде комплетирана и испратена на e-mail  nff@nff.org.mk

 и vidanka.martinovska@nff.org.mk, заклучно со 28.02.2022 (петок)

Евалуација на понудите:

Понудите со комплетна документација и/или понуди пристигнати по истекот на рокот, нема да бидат земени в предвид. Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:

40% претходна или слична работна задача

60% најповолна финансиска понуда

Целосниот опис на активноста е наведена во прикачениот документ, и воедно е прикажена и декларацијата која треба да се потпише.

ToR-company-for-procurement-of-equipment-for-beekeeping-1changes-31.1-2

Deklaracija-za-nepostoenje-na-konflikt-na-interes