Националната федерација на фармери има потреба од ангажирање на експерт за подготовка на брошура за правата на лицата со попреченост, вклучително и пристап до бесплатна правна помош. Експертот ќе биде ангажиран 10 дена и активноста е дел од проектот „From Disability to FoodAbility” (Од попреченост до безбедност со храна) како дел од соработката со We Effect и Radiohjalpen, Шведска.
Критериуми за аплицирање на јавниот повик
Задолжителни технички критериуми:
• Соодветно образование (универзитет, правни науки, општествени науки)
- Најмалку 3 години професионално искуство во подготовка на брошури / анализи / студии / прегледи или друг образовен материјал
- Претходни најмалку три слични задачи придружени со докази, линкови
- Автор и / или коавтор на најмалку 3 брошури подготвени во последните 3 години придружени со линкови и / или слични докази
- Препорачано е да имате:
- Познавање на пристапот заснован на човекови права, вклучувајќи познавање на правата на лицата со попреченост, со посебен фокус на лицата со попреченост во руралните области
- Добро познавање на англиски јазик
- Силни аналитички способности и вештини за пишување
Постапка за аплицирање:
Заинтересираните кандидати за овoj повик треба да ги достават следниве документи:
• Ажурирано CV јасно укажувајќи на претходни брошури, анализа и / или слични задачи
• Посебен список на подготвени брошури, т.е. слични задачи
• Контакти (препораки) на најмалку три организации кои неодамна ве ангажирале
• Финансиски предлог со детален преглед на трошоците јасно наведувајќи ја дневницата , надоместокот по ден и вкупниот бруто износ на надоместокот.
Поднесување на кратка изјава во самиот за немање конфликт на интерес со објавувачот на овој повик и со организацијата и донатор на проектот
• CV и финансиската понуда / предлог треба да се достават по е-пошта со назнака – CV brosura covekovi prava на daniela.antonovska@nff.org.mk најдоцна до 28 јули 2021 до 16.00 часот
• Доколку имате дополнителни прашања во врска со овој повик, може да не контактирате на следната е-поштa daniela.antonovska@nff.org.mk не подоцна од 25 јули 2021
• Поднесување на кратка изјава (декларација) за немање конфликт на интерес со објавувачот на овој повик и со организацијата донатор на проектот е задолжително за апликантот.Овластувањата и одговорностите се наведени во Terms of references, наведен во самиот оглас.
експерт-брошура-човекови-права-превод
Stay In Touch