Почитувани фармери, почитувани делегати, почитувани гости дозволете ми да ви се заблагодарам за дененото ваше учество на првото Зум Годишно Собрание на НФФ. За жал корона кризата која што владее низ цел свет не ни дозволи да организираме Годишно собрание согласно нашата традиција, каде што сите ние физички ќе бевме присутни и ќе имавме можност во живо да се видиме и да ја доживееме енергијата помеѓу сите нас разговарајќи за нашите проблеми, успеси, искуства или предлози за развој на земјоделството.

Среќна сум што ве гледам и вака преку интернет конекција и мило ми е што сите сте добро. Почитувани мои земјоделци, знаете дека НФФ НЕУМОРНО РАБОТИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ НА СИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ и жители од руралните средини. Та наша работа некој ја препознал и ја анализирал и врз основа на тоа со гордост можам на самиот почеток да истакнам дека ние како организација добивме Признание од МЦМС за транспарентна организација со добра внатрешна демократија и родова препознаеност . Тоа само покажува колку труд и работа и транспарентност сите ние во организацијата заедно со УПРАВНИОТ ОДБОР и ИЗВРШНАТА КАНЦЕЛАРИЈА  сме вложиле за овој успех.

 Лично јас како председателка на НФФ од страна на жири комисијата на ТИИТ добив Награда  WoW  за долгогодишната борба и застапување на правата на македонските рурални жени и земјоделки и за придонес во граѓанското општество  во делот на родовата еднаквост. Овој успех јас не си го препишувам само на себе, туку на сите нас од НФФ заедно со вработените од извршната канцеларија , кои што безрезерво работат за да се промене состојбата на руралната жена.

Почитувани, Ковид Кризата  направи многу промени во начинот на работењето и живеењето на секој човек и тоа се гледаше и во земјоделството.Со брзите интервенции кои ги направивме преку УО и Главната канцеларија успеавме да не ја прекинеме нашата работа и во вонредни услови непрекидно работевме и функциониравме, бидејќи таа корона криза го погоди и земјоделскиот сектор и направи проблеми во самиот старт на кризата.

НФФ беше во постојана комуникација со сите наши членови и врз база на сите ваши истакнати проблеми и ситуации дневно подготвувавме барања и препораки, кои што ги доставуваме и до МЗШВ И ДО КРИЗНИОТ ШТАБ НА ВЛАДАТА со цел да се ублажат последиците врз земјоделството од пандемијата.

Посебен акцент во НФФ беа  барањата  за регистрираните земјоделци, кои што не беа вклучени во антикризните мерки на државата. Многу пати реагиравме и баравме поддршка за вклучување на регистрираните индивидуални земјоделци за добивање на платежни ваучери и минималните плати и поволно кредити. Тука се покажа интерес за соработка од страна наВладата, но МИНИСТЕРСТВОТО  ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО сериозно не пристапи на разгледување на барањата на земјоделците и за жал регистрираните земјоделци не добија ниедна од овие поддршки .

НФФ пофготви анализа за земјоделството и корона кризата која е прва ваква анализа во државата и истата таа анализа ја  презентира на Земјоделскиот Зум Форум од каде што произлегоа следните препораки:

  1. Во рамките на дејствувањето на идната Влада клучен сектор во јакнење на домашната економија и стопанство да е и земјоделството. Посебно внимание да посвети на подобрување и одржување на земјоделската инфраструктура во делот на патишта, наводнувањето, одводнувањето и справување со климатските промени, како и почитување и функционирање на договорното производство согласно Законот за земјоделство и рурален развој.
  2. Да се промовираат македонските дошашни  земјоделски производи  и да продолжи стимулирање на македонските граѓани да купуваат домашни производи.
  3. Прифаќање на предлогот на НФФ, регистрираните индивидуални земјоделци чија основна дејност е земјоделството да бидат поддржани со соодветни владини мерки  во насока на нивно јакење.
  4. Поголема промоција и имплементација на Правилниците  за услови и хигиена за производство и ставање во промет на храната од неживотинско и животинско потекло наменета за директно снабдување, во географско или економски ограничувања, како општите и посебните барања за примена на традиционални методи на производство, преработка и дистрибуција на храна со традиционални карактеристики и Правилникот за мали винарии.
  5. Подобрување на економската и социјална положба на младите и жените од руралните средини преку креирање на мерки за подршка  во насока на нивно економско јанење и развој на претприемништво.
  6. Креирање на мерки за намалување на одливот на сезонски работници и поттикнување за поголема работна сезонска сила во земјоделството.
  7. Поголема соработка од страна на институциите со земјоделците и научните институции во насока на креирање на мерки, стратегии и поддршки за справување на земјоделството и негово адаптирање  на новото време, кое е последица на Корона кризата.

За крај на ова мое обраќање би сакала да изразам  огромна благодарност до We Effect за нивната подршка во насока на остварување на нашата мисија и визија за подобар и достоинствен живот на нас – земјоделците.

Ви благодарам на вниманието и посакувам успешно генерално собрание.