Педесетина фармери во организација на Националната федерацијата на фармери присуствуваа на саемот за храна и пијалоци „Детроп“ во Солун. Посетителите имаа можност да ги видат најновите технологии за преработки на земјоделски производи. На саемот можеа да се видат и финални преработки од млечни и месни производи на земјоделци, но и финални преработки од овошје и зеленчук.
Целта на посетата на саемот е размена на искуства и следење на новите трендови во земјоделството со акцент на додадената вредност на земјоделските производи, со цел да се следат новите технологии и истите да се применат за поконкурентно и попрофитабилно земјоделско производство.




Stay In Touch