Улрика Холстром висок советник за родова еднаквост во Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА) , Билјана Џартова-Петровска, програмски менаџер за развојна соработка од Амбасада на Кралството Шведска во Македонија и Анели Леина, регионална директорка на Шведската организација за развој We Effect во посета на фармата на Вангелина Парачка- членка во НФФ која заедно со своето семејство произведува органско овчјо сирење во Будинарци. Вангелина заедно со својот сопруг се сопственици на 500 грла овци и со заедничко разбирање и соработка ја одржуваат и развиваат фарма. „Ако немаш подршка од семејство, не можеш да одиш напред. Јас и мојот сопруг сме сопственици на земјоделското земјише и имот. Работиме заедно и ги делиме нашите обврски. Јас сум една од ретките жени во руралните средини, која има успешна и среќна приказна. Останатите жени немаат имот на свое име, нивниот глас не се слуша во семејството, а камоли надвор. Поради традиционалните навики и бариери седат во своите домови , немаат можност за едукација и размена на информации. За нас како стопанство и фармери е значајно членството во Националната федерација на фармери, затоа што добиваме информации, едукација преку студиски посети, размена на искуства, еве и голем дел од жените сме охрабрени и обединети заеднички да се бориме за нашите права и воедно што е многу важно Федерацијата ни помага да стапиме во комуникација со институциите и полесно да се разбереме со нив во насока на развој на нашите фарми “ истакна Пармачка на самата средба. Вангелина е членка на Управниот одбор на НФФ и лидер на потсекторската група за месо во Министерството за земјоделство, номинирана од страна на Федерацијата. Во рамките на посетата, Националната федерација на фармери и Мрежата за рурален развој преку презентации ја прикажаа својата работа и мисија за развој на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија.