- Подобрување на економската и социјална положба на жените во руралните средини преку зајакнување на ефективноста и влијанието на националните програми за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, законите и стратегиите од областа на родовата еднаквост, недискриминација, земјоделство, рурален и социјален развој;
- Креирање на акциски план и промовирање мерки за зголемување на можностите за вработување на жените од руралните средини; креирање мерки за признавање на неплатениот труд на жените за грижа на семејството, и наоѓање решенија за жените од руралните средини кои немаат остварено право на пензија, односно препознавање на неплатениот труд на жените преку измена на законот што предвидува социјална пензија;
- Вклучување на родовата перспектива во креирање на мерки, политики и стратегии кои се однесуваат на земјоделството и руралниот развој
- Подобрување на достапноста на јавните услуги (здравствени, образовни, социјални услуги) за жените во руралните средини, кое е во согласност со Целите за одржлив развој
- Измени на Законот за здравствено осигурување со цел остварување на правото на родителско отсуство и боледување на регистрираните земјоделки, односно земјоделци;
- Министерството за здравство неопходно е да отпочне инклузивен процес за измени и дополнување на Законот за здравствено осигурување во кој ќе бидат вклучени и здруженијата на граѓани кои ги застапуваат руралните жени;
- Институциите, како што се Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, МЗШВ и Државниот Завод за статистика да креираат систем на статистични податоци за користењето на финансиски средства на руралните жени од државните програми и ЕУ фондови, реално прикажување на бројките на рурални жени кои се сопственици на земјиште и имот, податоци кои ја отсликуваат реалната состојба на жената во руралните средини и нејзините предизвици од социјален и економски аспект.
- Да се развие стратегија за обезбедување на пристап до право на земјиште и сопственост на жени од рурални средини и да се усвојат мерки за заштита на нивната контрола врз сопственоста и ресурсите од земјиштето, вклучително и преку кампањи на подигнување на свеста за соочување со културни и традиционални модели кои спречуваат еднаков пристап и контрола на земјиште од страна на жените
- Поголемо вклучување на жените од руралните средини во креирањето на политики на локално ( преку комисиите за еднакви можности) и национално ниво
Stay In Touch